
После неверојатниот расплет во дваесет и осмото коло на грчката Супер лига, АЕК успеа да го преземе првото место на табелата.
Во дваесет и деветтата рунда, претставниците на Атина успеаја да ја задржат лидерската позиција, совладувајќи го Волос со минимални 0-1.
,,Црно-жолтите” ја имаа контролата во свој посед во текот на цел натпревар и поведоа уште во раната фаза преку Орбелин Пинеда (9′).
Од друга страна, Волос има само еден освоен бод во првите три средби од шампионската група и го држи шестото место.