
АК Барс Казањ дојде на само чекор од пласман во големото финале на КХЛ.
Во полуфиналето, ,,Зелените” поведоа со вкупни 3-1 против Авангард Омск, откако го добија четвртиот дуел со минимални 0-1.
Стрелец на единствениот погодок беше Дмитри Воронков на шест минути пред крајот на мечот.
Заслужен за триумфот на гостите беше и голманот Тимур Билјалов, кој ја зачува својата мрежа за првпат во плејофот, одбранувајќи 25/25 противнички удари.