Во рамките на деветтото коло од тековната АФЛ сезона, во единствениот денешен натпревар, силите ги одмерија Мелбурн Демонс и Порт Аделаид Пауер.
Во пресрет на натпреварот, Порт Аделаид беше огромен фаворит што на крајот ја исполни фаворитската улога. Имено, Пауер стигнаа до убедлива победа од (4.8) 32-83 (12.11) со потполна доминација во текот на цел натпревар.
Како најефикасен играч на овој меч се покажа Митчел Џорџијадес од Порт Аделаид, кој постигна вкупно дваесет поени (3.2). Од редовите на поразената екипа, со дванаесет поени (2.0), најефикасен беше Сем Вајдман.
Оваа победа му помогна на Порт Аделаид да ја задржи првата позиција со четири поени предност, но и натпревар повеќе, во однос на второпласираните Бризбејн Лионс. Од друга страна, Мелбурн е тринаесетти со три победи во воведните осум кола.