Еден од најдобрите играчи на денешницата кога е во прашање австралискиот фудбал, дефинитивно е Еди Бетс.
Бетс е роден на 26 ноември 1986 во Порт Линколн, Јужна Австралија, а со австралиски фудбал почнал да се занимава уште од рана возраст. Првите чекори ги направил во Мајнс Роверс ФК, а потоа продолжил во Мале Парк Пекерс, Темплстаув и Калдер Канонс.
На предсезонскиот драфт во 2004, Бетс бил селектиран како трет пик од страна на Карлтон Блус. Токму во овој тим го регистрирал и своето деби во АФЛ каде што до 2013 одиграл 184 натпревари придружени со 290 гола.
Во 2014, Бетс премина во Аделаид Краус каде што, од 2014 до 2019, одигра 132 меча и постигна неверојатни 310 гола.
Со почетокот на тековната сезона (2020), Австралиецот се врати во својот матичен АФЛ клуб и досега, на шест натпревари, заби десет голови.
Со овој учинок, Еди Бетс стана само третиот играч во АФЛ кој постигнал над триста голови за две различни екипи. Во неговиот случај, тоа се екипите на Карлтон Блус и Аделаид Краус.
Освен на него, ова им успеало на Тони Локет (Ст. Килда Сеинтс и Сиднеј Свонс) и на Ленс ‘Бади’ Френклин (Хоторн Хокс и Сиднеј Свонс).