
Адмирал Владивосток е првиот тим од КХЛ, кој освои два плејоф натпревари во текот на овосезонското доигрување.
Имено, претставниците на крајниот Исток поведоа со вкупни 2-1 во осминафиналето против Салават Јулаев Уфа, откако денес триумфираа со 3-2 после продолжение.
Во втората третина, ,,Зелените”, во интервал од деведесет секунди, стекнаа водство од 0-2 со головите на Артјом Пименов и на Николај Кулемин.
Сепак, во третиот период, Динар Хамидулин го преполови дефицитот на домаќините, а на неполни четири минути пред крајот на регуларниот дел, Јевгени Лисовец израмни на 2-2.
Од продолжението, на Адмирал му беа потребни четиринаесет и пол минути за конечен триумф при што голгетер беше Јури Паутов, кој стрелаше во плејофот за првпат во кариерата.
https://www.instagram.com/reel/CpZzyXBInqE/?igshid=NmE0MzVhZDY=