
Осмиот настан од Светскиот куп во сноубординг во дисциплината паралелен велеслалом се одржа во Пјанкавало (Италија).
Кај мажите, домашната селекција запиша 1-2 победа, откако во големото финале, Марк Хофер го совлада Едвин Корати.
Во битката за бронза, Кореецот Сангхо Ли беше побрз од Штефан Баумајстер и го зголеми своето водство во генералниот поредок.
Во женска конкуренција, после исто време до стотинка, победата ја поделија Швајцарката Јули Цог и Јапонката Цубаки Мики.
Што се однесува до малото финале, третото место го освои Рамона Терезија Хофмајстер пред Даниела Улбинг.
Наредната претпоследна трка од сезоната е закажана за 16 март и ќе се одржи во Рогла, Словенија.