Еурофарм Пелистер вчера славеше со 21-19, а денес со 24-21 против унгарскиот тим Татабања и така стигна до две значајни победи и четири бода во Лигата на Европа на ЕХФ. Ако на претходните мечеви Битолчани примаа многу голови дури и при победата против Тримо кога примија 26 гола, овие два меча гранитната одбрана беше таа која ги доби мечевите. На првиот примија само 19, а денес само 21 гол.
Со одбраната на Пелистерци одлично диригираше вевчанецот Милорад Кукоски на кого одлично му помагаа Вегар, младиот македонски ракометар Кукуловски, Ојлески, Мараш и Радовиќ. Оваа гранитна одбрана помогната од новото засилување, фантастичниот голман Карим Хендави успеаја да ги спречат фантастичните бекови на Татабања и да донесат битни победи за Битолчани.