Во рамките на ракометната Бундес лига се одигра македонско дерби помеѓу на едната страна Штутгарт на Жарко Пешевски и на голот на Лудвигсхафен беше Мартин Томовски. Победата ја однесе Лудвигсхафен против фаворитот со резултат од 26:29 на полувреме беше 8:13.
Голема заслуга за овој значаен триумф има репрезентативниот македонски голман Томовски кој имаше 8 интервенции, додека на спротивната страна пикерот Пешевски само еднаш успешно ја погоди целта. Најдобар стрелец кај Лудвигсхафен беше Климек со 7 гола иско колку и Дурак, кај Штутгарт, Фатхајхнер запиша 6 гола.



