Велешкиот интернационалец, Џоу Морел, потпиша тригодишен договор со Портсмут со можност за продолжување на уште една година.
Морел, минатата сезона ја помина во дресот на Лутон, каде што одигра десет натпревари во англискиот Чемпионшип.
24-годишниот играч за врска, исто така, беше стартер на сите четири средби на Велс на изминатото ЕУРО 2020.
Во својата сениорска кариера, освен за матичниот Бристол Сити, Велшанецот настапуваше за Сатон Јунајтед, за Челтенам и за Линколн.
Токму во Линколн, во сезоната 2019/20, Морел играше под тренерската палка на Дени Коули, кој сега е главен менаџер на Портсмут.
,,Тој [Морел] е во состојба да ја освои топката на секој дел од теренот и секогаш е многу храбар бидејќи верува во своите способности.” – изјави Коули за својата најнова аквизиција.