Утре (среда 11 август 2021 година) во 19.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одигра четвртиот Супер куп на Македонија. Сите куп титули досега ги освои екипата на Вардар.
2019
Вардар – Металург 26:14
2018
Вардар – Металург 33:24
2017
Вардар – Е. Работник 30:25
Капитенот на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ екслузивно за www.javisejuzna.mk изјави:
Во дуелот од Супер купот против Вардар очекувам тежок и тврд натпревар. Се надевам дека со одлична игра на мојата екипа да стигнеме до добар резултат и да го донесеме трофејот во Битола.



