Вечерва од 20:45 часот на стадионот Паркен во Копенхаген, фудбалската репрезентација на Македонија ќе го игра еден од најважните натпревари во својата историја.
Нашите фудбалери се соочуваат со силната селекција на Данска во полуфиналето од баражот за пласман на FIFA World Cup, натпревар кој може да ја приближи Македонија на само чекор од светската фудбалска елита.
Цела нација ќе гледа во Копенхаген – може ли Македонија повторно да приреди сензација и да направи нов подвиг против голем европски фаворит?




