понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна МАГАЗИН

Струшкиот музеј „Д-р Никола Незлобински“ со нов проект за колекционирање на фауна на дното од Охридското Езеро

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
март 25, 2026
📁 МАГАЗИН
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Според годишната програма на НУ Музеј Д–р Никола Незлобински за оваа година, биолошкото одделение ќе го реализира проектот: Колекционирање на видови од фауна на дно од Охридското Езеро со цел заштита на движното културно наследство.

Охридското Езеро е релативно големо, длабоко, потенцијално старо езеро со многубројни ендемични и реликтни растителни и животински елементи. Во редот на животински групи кои располагаат со голем биодиверзитет и богатство на видови спаѓа фауната на дно. Терминот фауна на дно означува оргами кои го населуваат дното на акватичните екосистеми постојано или пак на дното минуваат некоја од животните фази, а нивната улога за слатководните екосистеми е од големо значење. Тие се важен дел од синџирите за исхрана. Во оваа група спаѓаат полжави стари околу 30 милиони години, ендемични видови од групата на сплескани црви, пијавици, ракови, школки и многу други. Сите тие се значајни за еволуцијата на Охридското Езеро, но и за животниот свет воопшто.

Со реализација на овој проект би се колекционирале различни видови од фауната на дно од Охридското Езеро, кои би ја збогатиле музејската збирка изложена во Природонаучната поставка на Музејот.

Овој проект кустосите биолози ќе го реализираат во соработка со стручен тим од ЈНУ Хидробиолошки Завод – Охрид, а проектот ќе се одвива во неколку фази.

Првата фаза ќе ги опфати теренските активности за колекционирање на проби од различни локалитети на Охридското Езеро почнувајќи од месец Мај.

Втората фаза ќе биде лабораториска анализа и обработка на колекционираните проби од Охридското Езеро во лабораторијата на Одделението за фауна на дно при Хидробиолошкиот завод во Охрид.

Третата фаза ќе биде изложување на колекционираниот детерминиран материјал во Природонаучната поставка во Музејот при што ќе бидат изработени и стручни текстови за карактеристиките на видовите.

Со тоа би се реализирал овој проект во целост, а Музејот би се збогатил со музејски материјал од непроценливо значење за Охридското Езеро.

Дел од фауната на дно во Охридското езеро
ShareTweet
Претходна вест

Пионерките на Струга славеа над Чаир

Следна вест

„Вечерва се пишува историја!“ Македонија пред најголемиот предизвик – падне ли Данска, Светското е на чекор!

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА: НАШИТЕ МЛАДИ ТАНЧЕРИ СЕ ИСКАЧИЈА НА САМИОТ ВРВ НА ЕВРОПА!
МАГАЗИН

ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА: НАШИТЕ МЛАДИ ТАНЧЕРИ СЕ ИСКАЧИЈА НА САМИОТ ВРВ НА ЕВРОПА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Окт/2026
Стружанката Мила Бојческа ја доби наградата “ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ” за најдобар млад поет
МАГАЗИН

Стружанката Мила Бојческа ја доби наградата “ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ” за најдобар млад поет

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
26/Јул/2026
ЗАПОЧНУВА ЈУБИЛЕЈНОТО 65-ТО ИЗДАНИЕ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА
МАГАЗИН

ЗАПОЧНУВА ЈУБИЛЕЈНОТО 65-ТО ИЗДАНИЕ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Јун/2026
Македонска победа на “Zvezde Granda”! Прв Бојан Илиевски, втора Мирјана Митрева
ЗАБАВА

Македонска победа на “Zvezde Granda”! Прв Бојан Илиевски, втора Мирјана Митрева

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
21/Јун/2026
Следна вест
Барди и Миовски за победа на Македонија (Фотогалерија)

„Вечерва се пишува историја!“ Македонија пред најголемиот предизвик – падне ли Данска, Светското е на чекор!

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.