Екипата на Порденоне се бореше за влез во Серија А, но после лошата серија од осум мечеви без победа, се наоѓа на едноцифрена разлика од ,,црвената” зона.
Имено, претставниците на североисточна Италија денес, во увертирата на 32. коло, остварија важна победа од 3-0 над Ентела.
Новите три бодови им донесоа на ,,зелено-црните” скок на четиринаесеттата позиција, додека Ентела остана на самото дно.
Стрелци за Порденоне на овој натпревар беа Патрик Чурија (4′), Себастијан Мусиолик (31′) и Карло Бутиќ (90+3′).
Олеснителен факт за победничкиот состав беше и добиениот втор жолт картон на Џузепе Де Лука (61′) после само петнаесет минути поминати на теренот.
📸 pordenonecalcio.com