Во увертирата на 40. коло од англискиот Чемпионшип се соочија Мидлсброу и Вотфорд, кои ремизираа со 1-1.
Натпреварот беше релативно сиромашен со шанси и со вкупно три удари во рамките на голот.
Имено, Вотфорд поведе во 32. минута, откако Исмаила Сар среќно го измести шутот на Филип Цинкернагел и целосно го измами домашниот голман – Маркус Бетинели.
Во вториот дел, Мидлсброу од единствениот шут кон голот на Даниел Бахман успеа да израмни на 1-1, а стрелец со глава беше резервистот од клупата – Јаник Боласи (78′).
На табелата, Вотфорд остана на втората позиција, додека Мидлсброу го зазема деветтото место.
📸 Stu Forster/Getty Images



