Еурофарм Пелистер ја отвара новата сезона во СЕХА-лига. Битолскиот тим на стартот ќе игра против Војводина на гостински терен. Натпреварот е закажан за 30 јануари од 18 часот.
„Тешко е да се подготват овие два натпревари, бидејќи немаме брзина во нозете. Практично ова ни се први натпревари годинава. Суси не е најподготвен, Велковски исто така, па двајцата ќе останат во Битола. Ќе патуваме со здравите ракометари и ќе видиме како ќе одиграме. Репрезентативците се вратија и изгледа дека ќе бидат спремни да играат. Но, ги немавме на тренинг во Битола и првпат ќе ги видиме на патувањето за Нови Сад. Го гледав натпреварот меѓу Војводија и Нексе Нашице и можам да кажам дека Нексе не играше како што нормално игра. Војводина играше без репрезентативците, но цела зима се заедно и може да се види дека добро се познаваат, воиграни се и играат убаво. Имаат ритам на натпреварите и во тој поглед се еден чекор пред нас. Треба да играме минута по минута и да видиме што ќе направиме“, изјави тренерот Ларс Валтер.