
Францускиот Ле Рус приреди одличен тркачки викенд од Светскиот куп во крос-кантри, кој заврши со денешните трки по масовен старт на дваесет километри.
Во женска конкуренција, најбрза беше Швеѓанката Еба Андерсон (55:37,2), додека второпласирана, воедно и единствена со заостаток под една минута, беше Финкињата Керту Нисканен (+22,1).
На третото место, за првпат на подиумот во кариерата, се искачи Норвежанката Астрид Ојре Слинд (+1:20,4), која се врати во Светскиот куп после девет години и ја остави зад себе сонародничката Ингвилд Флугштад Остберг (+1:24,6).
Кај мажите, првата позиција ја освои лидерот во генералниот пласман, Јоханес Клебо (49:29,1), со минимална предност пред Ииво Нисканен (+1,2) и пред Вилијам Порома (+1,3).
Позади нив следуваа четворица Норвежани, односно Дидрик Тонсет (+4,3), Сјур Роте (+4,9), Паал Голберг (+18,4) и Мартин Левстром Нингет (+36,9).




