Еурофарм Пелистер ја отвара новата сезона во СЕХА-лига. Битолскиот тим на стартот ќе игра против Војводина на гостински терен. Натпреварот е закажан за 30 јануари од 18 часот.
„Дали натпреварите се прерано или навреме не би можел да ви кажам. Голем дел на тимот беше тука од старт на подготовките и имавме доста време да се подготвуваме. Добри ќе ни дојдат овие два натпревари, ни требаат квалитетни ривали за да го подигнеме ниво. Напорно ќе ни биде на три фронти оваа полусезона, но ќе мора да издржиме. Спремни сме, очекуваме да ни се приклучат уште неколку ракометари од повреди и одиме на победи. Војводина покажа дека игра квалитетен ракомет и донесе доста засилувања. Квалитетен тим е, заслужуваат почит. Сепак, ние веруваме во нас и патуваме во Нови Сад по победа. Нексе ни е познат противник, сме играле против нив и во Европската и во СЕХА лигата, Сезонава тимот им е малку изменет, но структурата им е иста“, изјави голманот Марко Кизиќ.