понеделник, октомври 2, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Увид на трансфер-периодот на Дерби Каунти: Од пропаст до кандидати за титула

Епов Насе ✏️ Епов Насе
јули 7, 2022
📁 Спорт, Фудбал
📸 Barrington Coombs/PA Wire

Во изминатите осумнаесет месеци, Дерби Каунти се соочи со бројни финансиски проблеми и со одземени поени поради аферите на претходниот сопственик, Мел Морис, кои резултираа со релегација во третата англиска лига за првпат после 1986. 

На 1 јули 2022, двократниот англиски првак од седумдесетите години на минатиот век ја преброди тешката фаза и беше спасен од банкрот од страна на локалниот бизнисмен и навивач – Дејвид Клаус.

Клаус успешно го откупи Дерби Каунти и стадионот „Прајд Парк“ и доведе вкупно шест квалитетни засилувања за само пет дена.

Најпрво, како слободен играч беше ангажиран Том Баркхујзен, кој воизминатите пет години, на 122 мечеви за Престон постигна 33 голови. Во претходниот дел од кариерата, без позајмиците, 29-годишниот напаѓач ги бранеше боите на матичниот Блекпул и на Моркемб.

По заминувањето на тројцата минатосезонски голмани, Дејвид Маршал (Хиберниан), Рајан Алсоп (Кардиф) и Келе Роос (Абердин), местото помеѓу стативите го зазеде Џоу Вајлдсмит, кој потекнува од Шефилд Венздеј, а беше на позајмици во Алфретон и во Барнсли.

Третото засилување во пресрет на новата сезона беше искусниот триесетгодишник Натаниел Мендез-Леинг.

Од 2009 до 2015, овој фудбалер беше член на Вулверхемптон и на Питерборо, но беше испратен на бројни позајмици.

Од сезоната 2015/16, стана стандарден во составот на Рочдејл, а пред Дерби, играше за Кардиф, за Мидлсброу и за Шефилд Венздеј.

Сепак, најпродуктивниот ден во тековниот трансфер-период, новиот третолигаш го имаше вчера, кога бесплатно доведе три фудбалери со премиерлигашко искуство.

Првиот претставен член на ова трио беше Конор Хурихејн, кој од 2017 има и 35 настапи за репрезентацијата на Ирска.

Последните две сезони ги помина како позајмен играч во Свонси и во Шефилд Јунајтед, а најголем период од кариерата помина во Плимут (125 настапи), во Барнсли (112 настапи) и во Астон Вила (132 настапи).

Договор на една година со ,,Овните” потпиша и велшкиот репрезентативец – Џејмс Честер.

Честер има триесет и три години, а над сто натпревари одигра за Хал и за Астон Вила, пред да ги помине последните две години во Стоук.

Третото вчерашно подновување во нападот на клубот од ,,Прајд Парк” е уште еден Ирец со четиринаесет натпревари за својата земја – Дејвид МекГолдрик.

МекГолдрик стана првиот фудбалер после Џејми Ворд од 2015, кој ги носел дресовите на големите ривали, односно на Дерби и на Нотингем Форест.

Ирецот потекнува од школата на Нотс Каунти, а периодот од 2013 до 2022 го помина во Ипсвич и во Шефилд Јунајтед, каде што вкупно одигра 260 мечеви и постигна 63 голови.

Освен новите пристигнувања, својата верност на Дерби ја оддадоа уште два продукти на академијата – Иран Кешин и Лиам Томпсон.

Од друга страна, клубот го напуштија десет фудбалери. Со исклучок на горенаведените голмани, од Источен Мидлендс заминаа уште: Фести Ебоселе (Удинезе), Малколм Ебиовеи (Кристал Палас), Ајзак Хачинсон (Волсал), Ли Букенен (Вердер Бремен), Луј Вотсон (Лутон), Нејтан Бирн (слободен играч), Равел Морисон (слободен играч) и капитенот Том Лоренс (слободен играч).

Освен на теренот, Дерби остана со дефицит и на тренерската позиција, откако отказ си даде Вејн Руни, а засега, неговото место го држи помошникот Лиам Росениор.

Three new faces and over 6,300 season tickets snapped up! 🥰🐏

𝗪𝗵𝗮𝘁 𝗮 𝗱𝗮𝘆! 🖤🤍#DCFC #dcfcfans

— Derby County (@dcfcofficial) July 6, 2022
Tags: англијаДерби КаунтиЛиг 1Фудбал
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Џилонг го доби ,,блокбастерот” на АФЛ против Мелбурн Демонс

Следна вест

Струга најавува одличен турнир! Целје, АЕК, Татран, Вардар, Пелистер… дел од екипите

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Фантастичен камбек на терените на Митков со победа после повредата
Ракомет

Фантастичен камбек на терените на Митков со победа после повредата

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Окт/2023
Струга дома со Неготино, Охрид го пречекува тимот на Чантурија (Група-А)
Ракомет

(Видео) Костески останува НАЈДОБАР стрелец во шампионатот на Чешка

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Окт/2023
Петар Заборски овои бронза во Светската карате лига
Останато

Петар Заборски овои бронза во Светската карате лига

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Окт/2023
Лина Ѓорческа славеше во два сета на стартот во Севилја
Тенис

Лина Ѓорческа со титула во Куршумлиска Бања

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Окт/2023
Следна вест
Струга најавува одличен турнир! Целје, АЕК, Татран, Вардар, Пелистер… дел од екипите

Струга најавува одличен турнир! Целје, АЕК, Татран, Вардар, Пелистер... дел од екипите

Последно

Фантастичен камбек на терените на Митков со победа после повредата

(Видео) Костески останува НАЈДОБАР стрелец во шампионатот на Чешка

Петар Заборски овои бронза во Светската карате лига

Лина Ѓорческа со титула во Куршумлиска Бања

Злато за Дејан Георгиевски на силниот Г1 Тирана Опен

Шикоска трета на 21К, штафетата ЗДисциплини трети на 42К (Скопски маратон)

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.