Еден од најстарите ракометни турнири во светот, Меѓународниот ракометен турнир во Струга, наредниот месец од 16 до 20 август ќе го има јубилејното 50. издание.

Своето учество во Струга на јубилејното 50. издание.досега го потврдија седум тимови се чека и осмиот. На отвореното ракометно игралиште покрај женска плажа “Горан Попоски -Бабец” ќе настапат: Целје, АЕК, Татран, Вардар, Еурофарм Пелистер, Алкалоид, домаќинот Струга и уште еден тим кој треба да го потврди учеството деновиве.
Со ова домаќинот Струга најавува силен турнир и вистинско ракометно уживање како што доликува за 50. издание на еден од најстарите ракометни турнири во светот.