Овој викенд младинските категории на Ж.К.К. Струга 2009 забележаа половичен успех во натпреварите со екипите од Крива Паланка.
Голем успех постигнаа помладите пионерки, кои со победа во мајсторка над екипата на Крива Паланка се пласираа на завршниот Ф4 турнир. Во натпреварот одигран во Струга, нашите девојки славеа со резултат 32:24.
Најефикасни во натпреварот беа:
- Јанкоска – 12 поени
- Нелоска – 9 поени
- Дукоcка – 8 поени
- Селими – 2 поени
- Ајдиноска – 1 поен
Покрај нив, настапија и: Маркоска, Матеска, Чолаку, Пејчиноска, Кајмакоска, Укоска и Спироска.
Кај јуниорките, пак, серијата е изедначена по нивната победа над Крива Паланка со тесен резултат 50:47. Оваа победа значи дека за викенд ги очекува нова мајсторка, овој пат на теренот во Крива Паланка, која ќе одлучи кој патува на Ф4.
Најдобри стрелци на овој натпревар беа:
- Зиба – 17 поени
- Даути – 9 поени
- Хиса – 8 поени
- Белкоска – 7 поени
- Миладиноска – 6 поени
- Милчин – 2 поени
- Таранеши – 1 поен
Им посакуваме многу среќа на нашите јуниорки во решавачкиот дуел и честитки за пионерките за пласманот на Ф4!
Кадетки и пионерки на Струга 2009 поразени во првите четвртфинални натпревари
Кадетскиот тим на Струга 2009 забележа пораз во првиот четвртфинален дуел против Вардар во Скопје со резултат 70:41. Најефикасни кај стружанки беа:
- Зиба со 14 поени
- Даути со 11 поени
- Милчин и Миладиноска со по 4 поени
- Фејзулаи, Ѓуроска, Чинчиќ и Шикоска со по 2 поени
Реваншот се игра овој викенд во Струга.
И пионерките на Струга 2009 беа поразени на првиот четвртфинален натпревар против Патриот во Делчево со 72:52. Се истакнаа:
- Мијевска со 11 поени
- Коруноска со 9 поени
- Кочареска со 8 поени
- Дукоска и Милеска со по 7 поени
- Крстеска со 2 поени
- Танаскоска М., Стеблева и Ашталкоска со по 1 поен
Реваншот исто така ќе се одигра за време на викендот во Струга.




