Најдобрите четири ракометни екипи во Македонија ќе се соочат во завршницата од Купот на Македонија, која годинава ќе се игра во Охрид. ГРК Охрид ќе биде домаќин на завршниот Фајнал-фор турнир, на кој ќе настапат и РК Вардар, Еурофарм Пелистер и РК Алкалоид.
Ждрепката за полуфиналните двојки е закажана за 21 мај, а борбата за трофејот ќе започне со полуфиналните натпревари на 31 мај. Победниците од тие дуели ќе се сретнат во големото финале на 1 јуни, кога ќе биде крунисан новиот освојувач на националниот Куп.
Сите натпревари ќе се одиграат во спортската сала „Билјанини извори“, каде се очекува вистинска ракометна атмосфера, полни трибини и безрезервна поддршка од љубителите на овој спорт.




