Лос Анџелес Лејкерс се договорија со Кајл Кузма да ја продолжат соработката за три години. Кошаркарот за новиот договор ќе инкасира 40 милиони долари. Кузма беше на 27-ми пик на драфтот за 2017 година. За три сезони со лејкерси, кошаркарот одигра 208 натпревари, со просек од 16 поени, 5,5 скока и 1,9 асистенции.



