Капитенот на Динамо Загреб и репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми во анкета на порталот ,,Тпортал” е избран за најдобар фудбалер во Хрватска за 2020 година, а изборот го направиле сите капитени во лигата каде што секој избирал најдобри пет и доделувале бодови.
Во крајниoт збир тoкму Аријан Адеми имал најмногу бодови вкупно 66, а после него се пласираа Мијо Чакташ од Хајдик Сплит со 46 бода, а третото место му припадна на Франко Андријашевиќ (Риека) и Кристијан Ловриќ (Горица) со по 18 бода.
На листата уште се рангираа: Анте Мајсторовиќ 14 бода (Осиек), Доминик Ливаковиќ 14 (Динамо Загреб), Игор Силва 14 (Осиек), Миле Скориќ 14 (Осиек) и Мислав Орсиќ 10 бода од Динамо Загреб.
Ви ги претставуваме сите досегашни победници во Хрватска: Нико Крањчар 2003 година Динамо Загреб, Томислав Ерцег 2004 година Риека, 2005 и 2006 година Едуардо да Силва Динамо Загреб, Лука Модрич 2007 година Динамо Загреб, Марио Манџукич 2008 година Динамо Загреб, Ермин Зец 2009 година Шибеник, Самир 2010 година Динамо Загреб, Иван Сантини 2011 година Задар, Самир 2012 година Динамо Загреб, Леон Бенко 2013 година Риека, Андреј Крамариќ 2014 година Риека, Марин Томасов 2015 година Риека, Франко Андријашевиќ 2016 година Риека, Ел Араби Хилал Суадани 2017 година Динамо Загреб, Даниел Олмо Карвахал 2018 година Динамо Загреб, Бруно Петковиќ 2019 година Динамо Загреб и овааа 2020 година за признанието за најдобар му припадна на Аријан Адеми од Динамо Загреб.