Единствениот денешен дуел од 15. коло на италијанската одбојкарска Серија А го одиграа Перуџа и Верона.
Домаќините ја оправдаа фаворитската улога и триумфираа со вкупни 3-1 (25-20, 25-22, 26-28, 25-20).
Во првите два сета, Перуџа лесно ја билдаше разликата и без многу напори дојде до водството од 2-0. Верона направи притисок во третиот сет за намалување на 2-1, но домашните одбојкари го возвратија ударот и го запишаа единаесеттиот триумф во низа над денешниот ривал.
Двоцифрени играчи во победничкиот состав беа: Вилфредо Леон (20), Себастијан Соле (17), Олех Плотницкиј (15) и Александар Атанасијевиќ (13).
Кај Верона, (над) десет поени завележија: Жонас Агение (10), Томас Јешке (14) и Матеј Казијски (17).
Со новите три поени, Перуџа го зголеми своето водство на врвот на +8 во однос на второпласираниот Лубе, додека Верона се наоѓа на деветтото место со пет бодови заостаток во однос на плејоф-зоната.