Трактор од Чељабинск дојде до петтата победа на последните шест средби, откако денес, со 0-4, го декласира тимот на Северстаљ Череповец.
Сите голови на победничкиот состав беа постигнати во втората третина и тоа од четири различни хокеари: Томаш Хика, Јакоб Берглунд, Сергеј Телегин и Артјом Шварјов.
Исто така, одличен на голот на Трактор беше голманот Роман Вил, кој ги одбрани сите дваесет и шест удари на противниците.
Со оваа победа, Трактор делумно ја зацврсти шестата позиција на Истокот, додека променливата форма на Северстаљ е доволна за седмото место на Западот.



