
Светското првенство во алпско скијање денес се состоеше од паралелните индивидуални трки во Мерибел, Франција.
Во женска конкуренција, златен медал, за првпат во кариерата, освои Марија Тереза Твиберг, совладувајќи ја во финалето Венди Холденер.
Од малото финале, со бронза замина Теа Лујза Стјернесунд, а без одличје остана домашната натпреварувачка – Мари Ламур.
Кај мажите, Александер Шмид се закити со првито машко светско злато за Германија после 1989, додека сребрен медал освои Доминик Рашнер, кој досега, во Светскиот куп, има само еден подиум од 2021.
Третото место, односно сувенирот со бронзен сјај му припадна на Тимон Хауган, а губитник во малото финале беше Адријан Пертл.