Денес на мое лично задоволство, на задоволство на Македонското таеквондо и генерално на Македонскиот спорт. Претседателот на Македонската Таеквондо Федерација д-р Борче Костовски и првиот човек на Алкалоид Скопје г-дин Живко Мукаетов потпишаа договор за спонзорство и блиска соработка особено за патот кон олимписките игри во Париз 2024. Голема благодарност до првиот човек на можеби најуспешната компанија Алкалоид, г-дин Живко Мукаетов кој успеа да ја забележи оваа посебна спортска приказна, која како што самиот истакна е ретка Македонска гордост која треба да се негува.
Не чека тежок пат, имаме работа со најмокните спортски нации во светот, рецептот го знаеме, со Божја помош и многу жртва спремни сме повторно да ја израдуваме Македонската нација. Дејан Георгиевски напред, по него уште неколку олимписки надежи ! Олимпискиот сон го живееме реално, ќе се потрудиме тоа да потрае
За МАКЕДОНИЈА ! ❤️
– стои во објавата на Таеквондо федерацијата на Македонија.