Третата станица на овогодинешното издание на Тур д ски, после Вал Мустер и Тоблах, е италијанскиот ски-центар Вал ди Фиеме.
На денешната програма, во северна Италија се одржаа трките на 10 километри за жени, односно на 15 километри за мажи со масовен старт.
Кај мажите, Александер Болшунов победи по петти пат во низа на Тур д ски (41:33,7), но овој пат во релативно изедначена трка, каде што Франческо Де Фабијани (+1,8) и Алексеј Червоткин (+3,7) се пласираа на подиумот. Првите десетмина заостануваа под петнаесет секунди, а помеѓу нив се најдоа уште: Илија Семиков (+6,7), Иван Јакимушкин (+7,6), Јанош Бругер (+7,6), Андреј Мелниченко (+9,6), Гас Шумахер (+11,4), Томас Малоуни Вестгаард (+14,3) и Морис Манифика (+14,9).
На женската трка, Наталија Непрјаева брше најбрза од сите со време од 30:35,5. На втората позиција заврши Катарина Хених (+2,4), којашто го оствари својот најдобар резултат во кариерата. Претходно, Германката имаше уште еден подиум освоен токму на истата локација во иста дисциплина. Како третопласирана заврши Еба Андерсон (+4,1), а во топ 5 се пласираа Тереза Штадлобер (+6,6) и Јохана Матинтало (+7,2).
📸 Fischer Sports



