Покрај ракометниот бисер Илија Трајчески, кој неодамна потпиша професионален договор и веќе тренира со првиот тим, ГРК Охрид за новата сезона во Суперлигата и Европскиот Куп пријави уште тројца таленти од својот младински погон.
Станува збор за:
- Бојан Крстевски – голман, 17 години, висок 185 см
- Матео Сиљановски – среден бек, 17 години, висок 182 см
- Христијан Пупунцоски – лево крило, 17 години, висок 181 см
Овој потег ја потврдува заложбата на охридскиот клуб за поддршка и развој на млади таленти, кои се иднината на македонскиот ракомет.




