Македонскиот голман Андреј Петковски ја продолжува својата кариера во полскиот шампионат, откако потпиша за екипата на Азоти Пулави.
За Андреј Петковски, ова е нов предизвик по настапите за Вардар, Вардар Јуниор, Голден Арт и Пролет, каде што ги мина последните четири сезони.
Синот на поранешниот македонски репрезентативец Зоран Петковски добива шанса да се докаже и на меѓународна сцена.




