Кадетската женска ракометна репрезентација на Македонија извојува значајна победа против Турција со резултат 30-27, во разигрувањето за пласман од 13 до 24 место на Европското првенство што се одржува во Црна Гора.
Клучна фигура на натпреварот беше голманката Марија Дуновска, која забележа 15 одбрани и 38% успешност. Во нападот, најрасположени беа Таида Беровиќ со 8 и Ања Лашкоска со 7 постигнати гола.




