Иако ја заврши регуларната сезона на седмото место, Северстаљ поведе со вкупни 2-1 во осминафиналето против ЦСКА Москва.
Имено, во третиот дуел, претставниците на Череповец го искористија домашниот терен и триумфираа над ,,Армејците” со 5-3.
На мечот, ЦСКА водеше во три наврати, од кои третиот траеше само девет секунди, пред домаќините да ја заверат победата во третата третина.
За клубот од главниот град на Русија, во листата на стрелците се запишаа Михаил Григоренко, Антон Слепишев и Максим Мамин.
Од друга страна, за победниците, двапати реализираше Даниил Вовченко, а по еднаш – Адам Лишка, Јегор Морозов и Александер Петунин.