Осмото овосезонско натпреварување од Светскиот куп во фристајл скијање во дисциплината ски-крос беше одржано денес во австрискиот Рајтералм.
Кај дамите, до 39. подиум, односно до 16. победа во кариерата дојде повратничката во Светскиот куп, Сандра Неслунд, којашто, во големото финале, беше побрза од Фани Смит, од Куртни Хофос и од Талина Гантенбајн.
Во малото финале, славеше Французинката Мариел Берж Сабател пред Катрин Офнер, Ализе Барон и Татјана Меклау.
Во машка конкуренција, до првата победа во кариерата дојде домашниот претставник – Јоханес Рорвек. Австриецот, во битката за врвот, ги натскија Рис Хауден, Бастиен Мидол и Марк Бишофсбергер.
Од друга страна, Јонас Ленер, во борбата за петтата позиција, беше подобар од Јури Дуплесис Кергомар, од Сандро Зибенхофер и од Адам Капахер.
📸 Ezra Shaw/Getty Images