
Почнувајќи од 2021, Трактор Чељабинск ја порази екипата на Кунлун Ред Старс на пет врзани натпревари.
Петтиот триумф од оваа низа беше запишан денес, кога руската екипа славеше со 3-1.
Двоен стрелец за ,,Мечките” беше Антон Бурдасов, кој стрелаше во првата и во третата третина, а уште гол додаде Сергеј Калинин.
На спротивната страна, единствен што ја затресе мрежата на Илја Проскурјаков (95,24% одбрани) беше Рајан Спраул во вториот период.
Во Источната конференција, Трактор скокна на осмото место, а Кунлун остана на претпоследната позиција на Западот.




