Со денешната победа од 5-3 над Нефтехимик Нижнекамск, Трактор Чељабинск обезбедија пласман во плејофот.
Домаќините на овој меч поведоа со 2-0 после само осум минути игра преку Јарослав Косов и Ник Бејлен.
Во истиот момент следуваше промена на голманската позиција на Нефтехимик, односно наместо Фјодор Коротајев, на голот застана Јевгени Иваников.
Во наредните дваесет минути игра, Трактор зголеми на 4-1 со головите на Лукаш Седлак и на Вјачеслав Основин, а претходно, на 2-1 намали Либор Худачек.
На нив им следуваа нови два погодоци на Нефтехимик за враќање на резултатската неизвесност. Овој пат, мрежата на Роман Вил ја затресоа Булат Шафигулин и Глеб Семјонов.
На неполни шест минути до крајот, конечниот резултат го постави Косов со неговиот втор денешен погодок.
📸 Ильнар Тухбатов, photo.khl.ru



