Последниот натпревар, пред паузата на КХЛ поради репрезентативниот Карјала Куп, го Трактор Чељабинск и Металург Магнитогорск. Во тој момент, Трактор имаше серија од четири врзани триумфи, но на тој меч загуби со 4-1.
Денес, двете повторно ги одмерија силите. Металург започна со темпото од минатиот меч, поведувајќи со 0-1 во четвртата минута преку Андреј Чибисов.
Во последната минута од првата третина, Трактор израмни на 1-1, со пауер-плеј голот на Лоренс Пилут.
Во наредните два периоди мируваа мрежите и на двете страни, по што, натпреварот отиде во продолжение. После неполни три дополнителни минути игра, Трактор ја забележа победата, правејќи пресврт, благодарение на Руслан Карлин, за победа од 2-1.
Со новите два поени, домаќините од Чељабинск го претекнаа Металург на табелата на Истокот. Двете екипи ги заземаат четвртата и шестата позиција, а помеѓу нив е позициониран тимот на Салават Јулаев од Уфа.