Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за почетокот на новото издание на Лига на нации и воведниот натпревар против Бугарија на 2. јуни во Разград. Александар Трајковски, напаѓачот на Ал Фејха денеска се приклучи на тренинзите на најдобрата репрезентација.
Овој квалификациски циклус нѐ води на ново големо натпреварување. Ова е нова прилика и треба сите да бидеме максимално фокусирани за да ја искористиме шансата која ни се укажува за настап на Европско првенство. Мислам дека за другите репрезентации ние сме фаворити, бидејќи резултатите кои ги направивме тоа го потврдуваат. Не бегаме од таа улога и се надевам дека ќе ја оправдаме. Секогаш е добро кога нови млади фудбалери доаѓаат во репрезентацијата. Се надевам дека ќе дадат голем придонес и ќе биде се како што треба.