Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски е меѓу шестмината кои се номинирани за најдобар голман во ракометната Лига на шампиони. За нашиот голман може да гласате ТУКА.
Друштво на нашиот Никола Митревски, му прават великаните: Бењамин Буриќ, Андреас Волф, Никлас Ландин, Гонзало Перез де Варгас и Родриго Коралес.
Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата Никола Митревски имаше одлични перформанси во дресот на Порто со кој успеа да стигне до осминафиналето во кое беше елиминиран од францускиот Монпелје (29:29, 27:35).