Мајорка која што од Примера испадна во Сегунда, клубот во последните моменти од преодниот рок сакале да се ослободат од Александар Трајковски кој не добива шанса за игра во првиот тим, но македонскиот репрезентативен напаѓач одбил да замине иако до него имало понуди од неколку шпански второлигаши.
Тимот од Балеарските острови имале и опција да го раскинат договорот, но за оваа варијанта ќе требало да му исплатат на играчот сума од 1.5 милиони евра што не била прифатлива можност за клубот. Трајковски има договор со Мајорка до 2023 година, а според информациите од Шпанија, Трајковски заработува 600 илјади евра годишно.