Продолжи низата на неверојатни откритија околу мегаломанскиот договор на Лионел Меси со Барселона склучен во 2017 година каде треба да крајот на ова лето кога и му истекува договорот да комплетира вкупна заработувачка од невероватни 555 милиони евра како плата и бонуси.
Аргентинецот во тој договор има неколку ултиматуми и барања од клубот што мора да ги испочитува, односно на управата на Барселона не им се допаѓало што Меси секаде зборува само на шпански и тоа со изразен аргентински акцент, а при тоа еден член од договорот вели дека тој треба да зборува каталонски и тој подобро да се интегрирал во каталонската култура.
Меѓу барањата во договорот се и да не се обложува на големи суми, да не се допингува и да мора да игра на позиција која ќе му ја одреди тренерот. Меси најави тужби за сите вмешани во скандалот, сака да се открие како тајниот документ стигна во јавноста.