вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

TOW#512 – Извини!

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
октомври 24, 2019
📁 РАЗНО
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
Има луѓе, на кои зборот ИЗВИНИ им е тешко да го изговорат за своите грешки што ги направиле. Знаат дека тоа можеби ќе им влијае на кариерата, ама ете, едноставно, не им дозволува нешто од внатре да се извинат!
Од друга страна, пак, има сосема друга спротивност на луѓе, на кои не им е тешко да изговорат ИЗВИНИ, па понекогаш и непотребно го кажуваат, така што зборот изговорен од нивната страна веќе нема никаква смисла.
Да, и двата случаи се крајности, но она што сум го забележал, искреноста е најважна при изговарањето на овој збор. Искреноста за да признаете дека навистина сте згрешиле, искреноста да ја преземете вината како тим лидер, искреноста во самото изговарање. Ова ви го кажувам од мое искуство, не за друго, затоа што ИЗВИНИ го користам секогаш кога навистина треба да се изговори, како последица на горенаведените причини. Или што би рекол Seth Godin
“I’m sorry” takes guts.
Да се каже ИЗВИНИ, посебно на работа, е деликатно, не за друго, туку затоа што грешката која сте ја направиле може да има и големи реперкусии. Но, од друга страна, пак, неизвинувањето може да ги влоши работите, па затоа, би сакал да споделам неколку чекори за да изговорите ИЗВИНИ:
– Искреност – не се извинувајте, ако не го мислите тоа! Тоа е непочитување. Е сега, ако сте навистина искрени, а другата страна не верува во тоа, тогаш тоа е нивен проблем!
– Емпатија – пробајте да се ставите во кожата на тој/таа/тие на кои сте им ја направиле грешката! Како вие би се чувствувале да ви го направат вам тоа?
– Одговорност – искрено преземање на одговорноста преку разбирање каква глупост сте направиле и дека вие сте ја направиле! Ова е најтешкиот дел, не за друго, во прашање е егото, а освен тоа во крвта ни е дека сме безгрешни!?!?
– Без изговори – не може за нешто за што сте згрешиле вие, некој друг да ви е крив, да се извините и да кажете, ама знаеш тој/таа беше виновен за тоа…
– Непријатна ситуација – сте згрешиле, а последиците се големи… мислите дека не знам дека понепријатна ситуација не ни може да сонувате од таа во која сте? Но, колку и да е ситуацијата непријатна, соберете храброст и извинете се! Не дозволувајте поради тоа да ви биде непријатно!
– Имајте предлог – пред да се извините, размислете за неколку предлози – како да се надмине проблемот што се случил и како во иднина да не се повтори! Но, ако ветувате, гледајте да држите до тоа што сте го ветиле и да не заборавите после некое време J
– Научете од грешките – ова е клише, ама е краен чекор до извинувањето! Ако не научите ништо, не се промените, тогаш влегувате во онаа група која само се извинува и веќе никој не ѝ верува дека навистина се извинува!
И секогаш запомнете, со извинувањето не треба да ви биде непријатно. Вистинско извинување е за личноста од другата страна, затоа секогаш ставете ги нив на прво место.
Со успех во промените,
@kalinbabusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com
ShareTweet
Претходна вест

(Прва лига-жени) Бадел, Струга и Вардар започнаа со високи победи во првото коло

Следна вест

(Видео) Росана Сариќ Тодоровска “СПОМЕНИ” – Макфест 2019

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

(Видео) Росана Сариќ Тодоровска "СПОМЕНИ" - Макфест 2019

Последно

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.