вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

TOW#507 – Само да е евтино

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
септември 19, 2019
📁 РАЗНО
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
Многу често, во разговор со наши менаџери и сопственици на компании, се расправаме (дискутираме) околу концептот на „евтино”. Поради тоа што сме многу чувствителни на цените како пазар, и поради нашиот лош економски стандард, често знаат да кажат дека мораат да нудат производи или услуги што се „евтини”. „Само да е евтино, и сè ќе пројде кај нас”, тоа е ставот на повеќето од нашите менаџери.
Прво, да разјасниме дека, „евтино” и „скапо” не постојат како концепти. Што значи евтино, а што значи скапо!? За кого е тоа евтино, а за кого скапо?! Некои возат автомобили од 100-200.000 евра. Дали тоа е евтино или скапо?! Перцепцијата најмногу ќе зависи од позиционирањето на производот или на услугата. Поточно, за кого е наменет/а. За секој производ и услуга си има своја целна група, или како што велат старите, „за секое лонче има капаче“. Секогаш кога се развива еден бизнис треба да сме свесни како и каде ќе го позиционираме производот или услугата.
Од самата стратегија ќе зависи кому се обраќаме, на колкав дел од пазарот, кој ни е потенцијалот и каков производ и услуга ќе понудиме. Доколку така ги поставиме работите, и развиеме јасна и правилна стратегија, концептите на евтино и скапо нема да се важни. Од аспект на купувач, „скапо” е нешто што не може да си го дозволиме. Но, тоа не значи дека (иако има и такви) производот е позициониран повисоко со цена, во однос на неговата вредност.
Во секој случај, разбирливо е дека кога имаш понизок пазарен стандард, а сакате да продавате производ или услуга на поголем дел од пазарот, вие треба да се позиционирате со поекономична понуда. Но, и тука треба да се знае и да се земе предвид, дека постојат повеќе различни нивоа на „економична” понуда. Затоа, немојте секогаш да ги барате и да ги нудите „најевтините” производи/ услуги, туку направете убава стратегија, дефинирајте го пазарниот удел (размислете дали ви се поклопува со вашата бизнис визија) и поставете се во вашиот пазарен сегмент.
Со успех во промените,
Петар Лазаров
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
ShareTweet
Претходна вест

ЛШ – Динамо Загреб ja “прегази” Aталанта, Баерн убедлив против Црвена Звезда

Следна вест

ЧУДЕСНО – Зебра се родила со точки, наместо со линии

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

ЧУДЕСНО - Зебра се родила со точки, наместо со линии

Последно

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.