понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

TOW#486 – Впечаток

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
април 25, 2019
📁 РАЗНО
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
Нема втора шанса за прв впечаток! – ма знам дека ја знаете оваа поговорка и сите ни ја кажуваат милион пати, но нема можност за втор впечаток само во одредени ситуации… Имам чувство дека токму поради погоренаведената поговорка не се трудиме да оставиме впечаток таму каде што сме или, пак, да дадеме максимум. Можеби и не е до поговорката, туку сме станале и мрзеливи, како да не голта апатијава околу нас.
Не е важно која е причината, но дека треба да оставите впечаток, треба! Дека треба да ги подобрите вашите перформанси, треба! Дека треба да импресионирате таму каде што сте, треба! И тоа не треба заради некој друг, туку поради вас самите!
Можам да ви дадам неколку совети како да го направите тоа на работа, а вие, сигурен сум дека ќе извлечете некои идеи и за секојдневниот живот:
– Тоа што е договорено, направете го! – ако веќе сте потврдиле дека ќе го направите тоа, немојте после тоа да го опструирате. Се опструирате самите себе си!
– Лажење – секогаш зборувајте ја вистината, колку и да ве боли тоа. На лагата ѝ се кратки нозете!
– Бидете подобри секој ден – а не обратно! Вашето подобрување, ќе го забележат тие што треба, а вашето уназадување сите ќе го видат!
– Доаѓајте порано на работа или на договореното место – верувајте, тоа е многу важно за тој/таа/тие, од другата страна! Секој го цени тоа!
– Облека – можеби е потсвесно, но луѓето кои се убаво облечени оддават поубав впечаток од другите. Секако, некаде има и кодекси на кои треба да се придржувате, но и тука може да бидете уредни и чисти
– Компјутер – во денешна ера, вашата достапност треба да биде 24/7. Само така оддавате впечаток на личност со која може да биде во контакт кое било време, а знаејќи го тоа, луѓето ќе го ценат и нема да ве малтретираат кога не е ОК.
– Дома и работата – проблемите што ги имате дома, остануваат дома и обратно! Немојте времето на работа да го користите за решавање на домашните проблеми!
– Позитивни – секој од нас има проблеми, но пробајте да бидете позитивни!
– Останување прекувремено – доколку има потреба, останете повеќе на работа. Не останувате за фирмата, останувате за вас!
– Бидете во тек со работите – некои луѓе се толку ограничени што сакаат да го работат само она што го знаат, но знајте дека мора да имате познавање и интерес за целата индустрија во која работите, па и повеќе од тоа.
– Проактивни – да, знам дека сме споменале милион пати, но така е!
– Критики – научете да ги слушате критиките и да ги гледате како нешто позитивно! Има некои луѓе околу вас што ви мислат добро и нивните „критики” се добронамерни!
– Претпоставки – не носите претпоставки, тие само ве носат (најчесто) во погрешна насока! Прашувајте!
Пак ќе кажам, имате повеќе од втора шанса да оставите впечаток, само од вас и од никој друг зависи дали ќе ја искористите! Но немојте после тоа друг да ви е крив.
Со успех во промените
@kalinbabusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
ShareTweet
Претходна вест

Навивај за Стружанка , Донирај од Срце за Мартин !

Следна вест

Гледајте во живо: ВАРДАР ЈУНИОР – ОХРИД

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

Гледајте во живо: ВАРДАР ЈУНИОР - ОХРИД

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.