Натпреварот од Првата женска лига помеѓу екипите на ЖРК Стружанка и ЖРК Куманово кој се игра во сабота во спортската сала “Нико Нестор” во Струга од 15:30 ќе има и хуманитарен карактер. На влезот од салата ќе бидат поставени кутии за донации за младиот Мартин Стојаноски. Тимот на Стружанка се придружува на акцијата каде уште еднаш на дело треба да ја покажеме нашата хуманост и сите заедно да помогнеме за Мартин Стојаноски. За сите оние кои нема да се во можност да присуствуваат на натпреварот отворени се и телефонски броеви за донации: Телеком 143 107 , ВИП 143 462 или на Жиро сметка 210 700000649551 НЛБ банка.



