Во првенството на Австрија Линц на домашен терен одигра реми против Вест Виен 29-29 во еден комплетно изедначен натпревар. Македонскиот ракомета Никола Костески одигра уште еден маестрален натпревар во кој постигна 7 гола, а имаше и 2 асистенции и 2 украдени топки.
Посебно огромен беше придонесот на Никола во финишот кога презеде одговорност и на три пати му носеше водство на својот тим 27-26, 28-26 и 29-28 но за жал Линц не издржа и освои само бод.
