Искусниот шпански стручњак, Антонио Карлос Ортега стави потпис на продолжување на договорот со Хановер каде што настапува и репрезентативниот бек, Филип Кузмановски.
Ортега има 49-години и го продолжи договорот до 2023 година. Во богатата тренерска кариера Ортега ја стартува во Антекера, во 2005, каде мина шест години. По едногодишна пауза го презеде кормилото на Веспрем, а беше и селектор на Јапонија. Една сезона го водеше Киф Колдионг, пред да го превземе водството во Хановер.