Тиквеш во првиот натпревар од Европскиот куп пред полни трибини во Кавадарци триумфираше против Кремс од Австрија со 33-29 (полувреме 19-16).
Ова беше прва Европска победа на Тиквеш после 13 години пауза.
Најефикасни во тимот на Тиквеш беа Ани со 10 гола и Симиќ со 7 погодоци.