Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски освои златен медал на Г1 „Загреб опен” кој викендов се одржа во Хрватска.
Георгиевски најпрво го совлада Марко Насо од Италија, потоа следуваше победа над Бразилецот Патрик Переира Кардосо, за во финалето да биде поуспешен од Холанѓанецот Брајан Зондероп од Холандија.
Откако претходно славеше и на Г1 турнирот во Тирана , Дејан Георгиевски е се поблиску до норма за Олимписките игри во Париз 2024.




