Утре македонскиот вицешампион Алкалоид ќе игра против Војводина во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје во 20.45 часот во првото коло од Лигата на Европа.
„Ова е историски натпревар за нашиот клуб. Минатата година успеавме да направиме историски успех и веднаш да обезбедиме пласман во Лигата на Европа и тоа за нас значи многу затоа што нашата екипа минатата година беше составена од само домашни играчи. Годинава имаме двајца интернационалци кои треба да помогнат со своето искуство во ова натпреварување кое е рамо до рамо со Лигата на шампионите. Голем предизвик за нас е што ќе играме со тимови кои играле во ЛШ што ќе значи многу за нашите млади македонски играчи. Јас сакам да победувам и така ќе се поставувам пред секој меч без разлика на конечниот исход. Очекувам квалитетен натпревар утре и се надевам дека моите играчи ќе одговорат на притисокот. Моите играчи чувствуваат мала трема, но тоа е нормално и јас сум бил ракометар и знам како е тоа. Доколку бидеме на потребното ниво, мислам дека имаме шанса да ја изненадиме Војводина. Имам добро чувство и очекувам да одиграме квалитетен натпревар“, изјави Кире Лазаров, тренерот на Алкалоид.