Амур Хабаровск ја запиша втората победа во низа и со тоа ги оживеа своите надежи во битката за плејоф.
Имено, ,,Тигрите” на крајниот исток, ја пречекаа единствената кинеска екипа во КХЛ, Кунлун Ред Старс и победија со 5-4.
По првата третина, резултатот гласеше 1-1, а головите ги постигнаа Матвеј Заседа за Амур и Итан Верек за Кунлун.
Во продолжение следуваше серија на домаќините од три погодоци во мрежата на Џереми Смит за капитална предност од 4-1.
Стрелци на овие голови Владимир Бутузов и Дмитри Архипов во втората, односно Заседа по вторпат на мечот во третата третина.
Сепак, голеадата продолжи до самиот крај, со серијата од 1-3 на Кунлун.
За Амур, во овој интервал, погоди само Валентин Пјанов на празен гол со играч помалку, додека за Кунлун поентираа Спенсер Фу, Кори Кејн и Лук Локхарт.
После денешниот меч, двете екипи се надвор од плејоф-зоната, односно ги заземаат десеттата и единаесеттата позиција на Истокот, оставајќи го на дното Нефтехимик Нижнекамск.
📸 VSE Pro Sport